Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Жената која стои зад франшизата Џејмс Бонд конечно навести каков ќе биде следниот агент 007

Кој ќе биде следниот Џејмс Бонд? Ова е прашање што се кршат сите копја откако Даниел Крег објави дека се повлекува од филмската франшиза што му донесе слава. „No Time to Die“ е последниот филм во кој тој ќе го отелотвори агентот 007, по продолженијата на „Casino royale“, „Quantum of Solace“, „Skyfall“ и „Spectre“.

„Завршив со Бонд“, изјави британскиот актер кон крајот на 2019 година кога додаде дека е време некој помлад и искусен актер да го наследи.

Медиумите шпекулираа за новиот Бонд, споменувајќи ги Идрис Елба, Том Харди, Ричард Меден, Том Хидлстон, Хари Стајлс, па дури и една актерка – Лашана Линч, која глумеше во најновото продолжение на „No Time to Die“.

Сега, за прв пат, продуцентот на франшизата Барбара Броколи зборуваше за тоа во интервју за „Тотал филм“.

– Јас секогаш велам дека можете да бидете за вљубени само во една личност. Кога филмот ќе има премиера и ќе помине извесно време, ќе размислиме за иднината. Во овој момент, не можам да мислам на никого, освен Даниел Крег, додаде Барбара.

– Оваа улога ќе треба да се редизајнира, на начин на кој секој актер ја замислува индивидуално. Ова е токму она што е возбудливо и забавно со оваа франшиза, улогата се развива. Кога ќе размислиме за тоа, ќе ја најдеме вистинската личност, продолжи таа.

Таа навести дека потрагата по вистинската личност нема да биде ограничена на традиционалните актери, како што беше досега.

– Не мора да биде човек од бела раса. Барем што се однесува до мене, додаде таа.

Што се однесува до изборот на жена за улогата на Џејмс Бонд, Барбара Броколи не се предомисли.

„Треба да создадеме женски улоги, а не да го претвораме мажот во жена“, изјави таа.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement