Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

ЖЕНАТА КОЈА ГО „СПАСИ“ МИЛЕНИКОТ НА ХОЛИВУД: Постојано ја критикуваат за една работа, но таа на критиките одговара со насмевка…

Актерот Кијану Ривс и уметничката Александра Грант ја потврдија својата врска во 2019 година, а ретко ги гледаме заедно во јавноста.

Канадскиот актер Киану Ривс е еден од најомилените „ликови“ во Холивуд, именуван и по неговиот добар дух.

Овој актер е сè само не класична ѕвезда, иако во секој момент може да се чувствува и да се однесува како таков. Тој користи јавен превоз, не поседува огромна палата, не носи дизајнерска облека, без разлика што неговото богатство е вртоглаво.

Кијану е еден од ретките кој секогаш се труди да ги запамети имињата на сите луѓе кои работат на сетот, редовно се поздравува со сите и разговара со нив, не се поставува високо како некои други актери и ѕвезди. Во една прилика му помогнал на еден работник на сетот кој бил многу сиромашен и едвај го издржувал своето семејство. Кога Киану ја слушнал неговата приказна, му дал 20.000 долари за Божиќ“, откри еднаш еден од работниците на филмскиот сет „Матрикс“.Неговиот дух веројатно е резултат на прилично трагичен живот кој воопшто не го разгалил.

Кога бил момче, претрпел насилство од врсници. Татко му го напуштил кога имал само три години, па го воспитувале баба му и дедо му бидејќи мајка му се занимавала со љубовници и сопрузи. Не завршил средно училиште поради дислексија и проблематично однесување. Единствено што тогаш уживаше беше хокејот, но поради повреда мораше да се откаже од него. Тој требаше да има дете со актерката Џенифер Сајм, но тоа се роди предвреме во 1999 година и не преживеа. Осум месеци подоцна, Џенифер загина во сообраќајна несреќа. Тие загуби го скршија. Неговата сестра имала леукемија кога била дете, па Кијану донирал 70 отсто од својата заработка од „Матрикс“ во болници кои лекуваат деца болни од рак.

Затоа многумина се воодушевија кога и откри на јавноста дека е во среќна врска со 49-годишната уметница Александра Грант. Дека љубовта им цвета стана јасна во ноември 2019 година кога во нејзино друштво пристигна на галата „LACMA Art + Film“ во Лос Анџелес. Сега после долго време папараците ги фотографираа во неформално издание на прошетка во Њујорк. Се држеа за раце и се смешкаа, а изгледа дека се уште живеат романтична идила.

Сепак, имаше и такви кои го коментираа нејзиниот изглед и истакнаа дека нејзината седа коса прави да личи на неговата мајка, а не на неговата партнерка.

„Јас сум жена, висока 185 сантиметри и имам бела коса. Знаете, идејата дека треба да се вклопите… Ако сакав да личам на Ким Кардашијан, ќе морав да одам на операција и да си исечам 30 сантиметри од нозете“, рекла Александра во едно интервју.

Парот се запозна на забава во 2009 година, но долго време беа исклучиво во деловна врска. Пред да започнат да се забавуваат, тие создадоа силна врска изградена околу нивните заеднички страсти: уметност и литература. Нивната прва соработка се случи во 2011 година кога ја објавија „Ода на среќата“, сликовница за возрасни која ги комбинираше цртежите на Александра со текстот на Ривс. Во 2015 година, тие објавија книга напишана од актерот, „Сенки“, илустрирана со фотографии на Кијану направени од Александра.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement