Ешли Греам објави дека повеќе не сака да ја нарекуваат plus size модел и додаде дека е уморна од тоа да мора да зборува за своето тело на секое интервју.
Манекенката истакна дека секогаш кога зборува со печатот, тие секогаш ја прашуваат за нејзиното тело, имиџ и тежина, нешто што забележала дека не се случува со мажите. Луѓето можеби ја познаваа како plus size модел, но Ешли Греам сака да ја нарекуваат само „жена“ и да не мора да ги објаснува промените во нејзиното тело секој пат.
Таа дури додаде дека ќе продолжи да биде приврзаник на позитивноста за телото, наведувајќи дека причината што не објавува „совршени“ фотографии на Инстаграм е желбата луѓето да знаат дека има жени со целулит и стрии.
Во истото интервју, Ешли зборуваше за психолошкиот стрес што го доживеа на почетокот на нејзината кариера кога имаше само 17 години. Луѓето од нејзината агенција ја уверуваа дека нема да добие ангажмани ако не ослабе. “Моето самопочитување многу падна. Кога сфатив дека не ја добив работата затоа што имав прекумерна тежина, тоа ме наполни со храброст и амбиција да ја пополнам празнината во индустријата”.
Ешли Греам го роди синот Исак Менелик Џовани пред една година и е мажена со Џастин Ервин. Сепак, таа изјави дека воопшто нема да се обиде да ги изгуби килограмите што ги доби во текот на бременоста.
