Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Енди Мекдауел за природното стареење и седата коса: „Не сакам да бидам млада!“

Веруваме дека забележавте како мажите од јавниот свет се пишуваат во суперлатив кога ќе поминат одреден број години. Џорџ Клуни, Бред Пит, Винсент Касел, Мет Лебланк, Ричард Гир и други со години го претставуваат идеалот на средовечен маж, а нивните седи влакна се сметаат за нешто атрактивно и привлечно.

Меѓутоа, кога станува збор за жените, ова правило навистина не важи.

На жените од светот на познатите ретко им се простува вишокот килограми, стриите и седата коса, а Енди Мекдауел реши да проговори за тоа.

Таа неодамна во интервју за Кејти Курик зборуваше за нејзината седа коса и природното стареење.

  • Се смеам кога некој ќе ми каже дека изгледам постаро. Знаете, наскоро ќе наполнам 65 години. Дали мислите дека изгледам како да имам 75 само затоа што имам седа коса? Сакам да бидам стара. Не сакам да бидам млада.

Актерката истакна дека сака другите да разберат дека се чувствува добро во своја кожа, но дека сега не може да гарантира дали ќе се предомисли за десет години.

Во јануари оваа година таа даде и интервју во кое го привлече вниманието на лицемерието кое владее во Холивуд, па седата коса на Џорџ Клуни се смета за привлечна, но не и за жените.

  • Ние сакаме постар маж. Ги сакаме мажите како што стареат. Би сакала да важи и за постарите жени, а ние се движиме кон тоа,знаете, мали чекори. Она што би сакала сите да го направиме е да застанеме и да размислиме како размислуваме за зрелите мажи и како размислуваме за зрелите жени и навистина да почнеме да оценуваме што зборуваме и што очекуваме. Мораме! Има промени кои треба да се направат за мојата генерација и за следната генерација жени. Сакам само луѓето да размислат за тоа, тоа е се – заклучил Енди.

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement