Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Една чини 2 милиони долари, а облекла дури 3: Се појавија фотографии од скапите венчаници на Џенифер Лопез…

Пејачката се пресоблече неколку пати и така блесна на својата втора свадбена прослава.Како што знае јавноста, холивудската двојка Џенифер Лопез и Бен Афлек, по интимната венчавка во Лас Вегас, ја продолжија љубовната приказна на раскошна церемонија одржана за семејството и пријателите, на имотот на Афлек, а латино дивата носеше дури три свадбени фустани за нејзиниот важен ден,кои подоцна беа споделени на Инстаграм.

Прославената 53-годишна Џенифер за својот голем ден сменила дури три креации, а сите три се волшебни и многу луксузни.

Главната венчаница ја потпишува познатиот бренд Ralph Lauren, а се работи за модел кој ја следи линијата на телото до колена, по што се проширува во огромен воз полн со ситни рифли долги неверојатни шест метри.

Оваа креација е украсена и со ролна јака, и проѕирна ткаенина со бели сатенски копчиња на задната страна, а Џеј Ло го комплетираше изданието со долг бел вел, бидермаер од бели цветови и бисерни обетки.

Останатите две венчаници се дизајнирани од истиот бренд, а се верува дека секоја чинела од половина милион до дури два милиони долари, бидејќи се рачно сошиени од најквалитетни материјали, а две од нив содржат скапоцени мониста и кристал.

Новопечената г-ѓа Афлек подоцна се пресоблече во поедноставна, но сепак неверојатна венчаница без ракави со длабоко деколте украсено со ситни циркони. Оваа креација имаше и шик вел налик на качулка, а пејачката носеше и дијамантски обетки.

За крај на големиот ден Џенифер избра уште една спектакуларна креација, овој пат во шампањ боја. Фустанот, како и претходните два, ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината фигура на песочен часовник, а целиот е проткаен со мониста и бисери.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement