Обожавателите на Пенелопе Круз беа изненадени кога скромната актерка позираше за насловната страница на магазинот Dust, облечена само во бели гаќички.
Сепак, коментарите се повеќе од позитивни и речиси сите се прашуваат: „Како е можно во петтата деценија да изгледа на половина возраст?“
„Како можеш да изгледаш како да си во дваесеттите?“, „Безвременска убавина“, „Божица“, „Природно убава жена“, пишува под фотографијата што ја објави на својот Инстаграм профил.
Инаку, Пенелопе Круз важи за актерка со природна убавина која досега не користела естетска хирургија за да се подмлади и затоа е омилена меѓу женската популација.

Убавата Пенелопе е среќна мажена за актерот Хавиер Бардем од 2007 година и со него има две деца: ќерката Луна и синот Лео.

