Веќе во првиот месец од 2021 година се соочуваме со ретрограден Меркур – од 30 јануари до 20 февруари! Кога моќниот Меркур е во ретроградно движење, можеме да очекуваме предизвици во областа на комуникација, патувања, технологија и реализација на плановите.
Меѓутоа, ако останете свесни за сегашниот момент и не се оптеретувате со мисли за неизвесностите што ве очекуваат во иднина, можно е да излезете од овој циклус на Меркур како посилни и поподготвени за нови победи во животот.
Ретрограден Меркур се случува во исто време кога шест различни планети влегуваат во знакот на Водолија, што значи дека работите ќе се развиваат многу побрзо отколку што мислевме …
Еве ги трите знаци кои ги очекуваат предизвици и ризици за време на ретрограден Меркур:
БИК
Ретрограден Меркур ќе има особено силно влијание врз полето на вашата кариера. Може да има одложувања, пропуштени рокови и недовршени проекти, како и предизвици во комуникацијата со колегите и претпоставените. Наместо да донесувате ненадејни одлуки и потези, искористете го ова време да ги преиспитате вашите идеи или да го исчистите вашиот план од недостатоци. Негувајте ја самодовербата и бидете внимателни, и ако вложите напор, сè ќе си дојде на свое место.
ЛАВ
Лава очекува напнатост на полето на емотивните односи. Можни се турбуленции во љубовта, а дискусиите од минатото повторно стануваат главна тема на разговор. Обидете се да ја набудувате ситуацијата објективно и да ги контролирате негативните емоции. Без оглед на сите околности, најдобриот начин да се реши овој предизвик е да научите како да го слушате вашиот партнер за време на разговорот. Подобро е да се соочите со проблемите веднаш, наместо да ги прикривате.
СТРЕЛЕЦ
Комуникациските предизвици можат негативно да влијаат на вашиот социјален живот. Бидете внимателни какви зборови кажувате и како им се обраќате на драги луѓе. Брзањето е вашиот главен непријател во овој период. Размислете пред да кажете одредени зборови, бидејќи во овој период се можни конфликти. Пронајдете внатрешен мир и комуникацијата ќе се подобри.
