Актерката Ева Лонгорија беше една од познатите гостинки на гламурозната венчавка на Бруклин Бекам, најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам и богатата американска наследничка Никол Пелц. Ѕвездата на серијата „Очајни домаќинки“ и една од најдобрите пријателки на поранешната Спајс, благодарение на фустанот не се најде на радарот и ја заслужи титулата за најдобро облечена гостинка…
Американската актерка, 47-годишната Ева Лонгорија, викендов присуствуваше на венчавката на годината – онаа помеѓу Бруклин Бекам и Никол Пелц во Палм Бич, Флорида.
Пријателството помеѓу Ева Лонгорија и Викторија Бекам започна во 2007 година, кога Бекамови се преселиле од Лондон во Лос Анџелес поради фудбалскиот трансфер на Дејвид.
Иако семејството повеќе не живее во САД, актерката и дизајнерката останаа блиски, па не е изненадување што ѕвездата на „Очајни Домаќинки“ беше една од многуте гости на свадбата на најстариот син на Бекамови.
Фустанот кој ја следи линијата на телото и не поднесува мани брилијантно ја истакна витката линија на убавата Латиноамериканка.
Ева Лонгорија на венчавката пристигна со нејзиниот сопруг, мексиканскиот бизнисмен Хозе Антонио Бастон. Инаку, ова е трет брак на актерката, а парот се венча во 2016 година и го доби синот Сантијаго.
Пред Хозе, актерката беше во брак со Тајлер Кристофер, ѕвездата на серијата „General Hospital“, но бракот траеше само две години од 2002 до 2004. Најлошиот развод го доживеа од вториот сопруг, кошаркарот Тони Паркер, кој ја изневерувал повеќе пати, а парот се развел во 2011 година.
