Ева Лонгорија е љубител на добрата мода и сака да пробува различни стилови, но секогаш со доза на класицизам, елеганција и женственост. Така отишла на шопинг во Лос Анџелес за да избере комбинација во светли тонови која одлично и прилега на актерката.
Аутфитот што ја освежува секоја гардероба Ева Лонгорија е составен од бела јакна до половината под која носела снежно бела маичка. Спортските крем панталони на линијата одлично го надополнија стајлингот кој зрачи со спортска елеганција.
Комбинацијата на облека актерката ја заокружи со обични бели патики кои одлично одат со најразлични парчиња облека и се носат во различни секојдневни прилики. Едноставните бели патики имаат голем број обожавателки, а и најголемите љубители на штикли обожаваат да ги носат. Тие се толку обични, а сепак толку ефективни, носливи и погодни за различни модни комбинации.
Ева Лонгорија додаде црна чанта околу половината и малку пристоен накит во многу хармонично и добро издание за шопинг, а се истакна и големата црвена шопинг чанта со метален сјај.

