Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Дру Баримор призна дека сексот не и е приоритет: „Можам да живеам без него со години“

Актерката, која се посвети на водење на нејзиното секојдневно ток-шоу, призна дека нејзиниот сексуален живот не е на врвот на нејзините приоритети.

Актерката и водителка на ТВ шоуто Дру Баримор сака да споделува детали за нејзината интимност со гледачите и гостите на нејзиното шоу, па сега призна дека сексот не е на врвот на нејзината листа на приоритети.

Во „Шоуто на Дру Баримор“, актерката разговараше со својот ко-водител за подготовките на нејзиниот колега Ендрју Гарфилд за улогата на свештеник во филмот на Мартин Скорсезе „Тишина“ од 2016 година. Имено, тој се подготвуваше за оваа улога така што се обидуваше да биде во целибат шест месеци.„За мене тоа беше како: „Да, и?“се насмеа Дру како реакција на методите на актерот, кои покрај апстиненцијата од секс вклучуваа и гладување.

Еден од соработниците на серијата, Рос Метјус, набрзо се огласи: „Тоа е насловот: Дру може да биде сува шест месеци, тоа не е голема работа“. На тоа, славната актерка го поправи дека всушност може да биде без секс со „години“.

„Што не е во ред со мене што шест месеци не ми изгледаат како долг период?“, ја праша Баримор публиката во студиото.

Не е првпат симпатичната ѕвезда да се пошегува на сметка на својот сексуален живот, имено уште во март и кажа на својата колешка дека сонува за бившите и дека и од тоа има свои придобивки.

„Мислам дека тоа е единственото место каде што добивам акција овие денови, Рос“, рече Дру во март.

Прочитај

____celebrity

Кејт Мидлтон пристигна во Италија, започнувајќи го своето прво самостојно патување во странство откако ѝ беше дијагностициран рак во 2024 година. Принцезата од Велс...

Green Tea

Која крема за сончање треба да ја купите? Заштитата на кожата од сонцето во текот на летото е многу важна, а дерматолозите предупредуваат дека...

Green Tea

Овие фрази полека ја уништуваат љубовната врска. Сите парови поминуваат низ предизвици, но проблемите во врската не исчезнуваат сами од себе. Иако е полесно...

____celebrity

Познатата пејачка Ријана откри нова тетоважа која ја „дизајнирале“ нејзините деца. Тетоважата се наоѓа на нејзината нога, веднаш зад коленото, и се состои од...

Advertisement