Холивудската ѕвезда Џејн Фонда објави дека боледува од тешка болест.Познатата Џејн Фонда на својот Инстаграм профил објави дека и е дијагностициран Нон-Хочкинов лимфом и почнала со хемотерапија.Џејн истакна дека е привилегирана бидејќи е позната и е благодарна што има здравствено осигурување.
- Драги пријатели, морам да споделам нешто приватно со вас. Ми беше дијагностициран нон-Хочкин лимфом и почнав со хемотерапија. Ова е рак кој е многу излечив. 80 проценти од луѓето го преживуваат, па тоа ме прави среќна – напишала таа.
Фонда претходно имала рак на кожа и рак на дојка, но и покрај се, таа е вистински пример за тоа како треба да изгледа жената која се бори и вложува во себе. Актерката има 85 години и не губи надеж за закрепнување.
Патем, лимфомот е малигно заболување на лимфното ткиво, кое е составен дел на имунолошкиот систем на нашето тело. Може да биде Хочкинова и Не-Хочкинова болест, а се третира во зависност од стадиумот на болеста.
Џејн Фонда двапати освои Оскар, во 1971 година за улогата во Детектив Клут и во 1978 година за улогата во Враќањето на воинот. Познато е и дека правеше долги паузи на снимањето, па паузата од 15 години ја заврши со појавување во комедијата It’s all the-in-in-law од 2005 година, во која играше покрај Џенифер Лопез.
