Книгата за која долго време се зборува, а од која многумина се плашат – „Одмазда: Меган, Хари и војната меѓу Виндзорите“, чиј автор е Том Бауер, поранешен новинар на Би-Би-Си, сега водечки истражувачки биограф, за неколку дена ќе доживее светска премиера. Меѓу многуте интересни детали од дворскиот живот на убавата војвотка од Сасекс, со посебен осврт на нејзиниот однос со членовите на кралското семејство, авторот ги наведува најнезаборавните моменти кои ги отсликувале заладените односи меѓу убавата Меган и почитуваните членови од Виндзор.
Имено, како што пренесува „Мирор“, во едно од поглавјата на книгата, хистеријата на Меган Маркл е опишана по насловната страница во магазинот „Венити фер“, која главно се фокусираше на нејзината врска со принцот Хари, нејзиниот тогашен вереник, повеќе отколку на нејзиниот активизам и филантропијата. Според новата книга, војвотката од Сасекс го повикала својот тим за односи со јавноста во паника бидејќи приказната „Дива поради Хари“ ја налутила Бакингемската палата.
Меган и нејзините публицисти од Лос Анџелес беа „екстатични“ кога, по „годишните борби да Меган биде забележана“, добија интервју за изданието на списанието во септември 2017. Сепак, големата возбуда брзо се претвори во разочарување откако Бакингемската палата доби предвремени примероци од списанието на почетокот на септември, според Бауер.
Бауер пишува дека Хари станал претпазлив по интервјуата дадени во минатото од неговата мајка принцезата Дијана и Сара Фергусон, во кои тие ги искажувале своите политички ставови и лични приказни, предизвикале контроверзии и само им наштетиле. Затоа сакаше Меган да ги избегнува чувствителните теми за кои ќе зборува во интервјуата, како Доналд Трамп, расниот социјален концепт, нивната врска, а особено тој самиот. Во книгата се тврди дека долгогодишниот уредник на „Венити фер“ за време на интервјуто ја прашал Меган за Хари, но дека не очекувал таа да одговори на тоа прашање. Се вели дека бил „суптилно воодушевен“ кога Меган, која во тоа време била тајно свршена со принцот, одговорила:
– Ние сме пар. Ние сме заљубени. Сигурен сум дека ќе дојде време кога ќе треба да излеземе и да објавиме на сите, бидејќи имаме што да кажеме, но се надевам дека луѓето ќе сфатат дека ова е наше време, време само за нас. Среќни сме, а јас сакам големи љубовни приказни.
Интервјуто предизвика сензационални и бурни реакции ширум светот, а Бауер вели дека Бакингемската палата била изненадена од „невидената дрскост на Меган“.
Во книгата на Бауер пишува дека „за неколку часа“ по скандалот, Меган во паника ги повикала шефовите на нејзината ПР компанија, барајќи одговори зошто фокусот на интервјуто не бил на нејзиниот активизам и филантропија, барајќи ги нејзините коментари за Хари да биде отстранет.
Ова е само еден од тешките моменти во книгата кои ја придружуваат Меган Маркл во нејзината љубовна приказна и животот со кралското семејство. Книгата е за предавство, тајни и одмазда… Објавувањето на оваа биографија се чини дека предизвикува страв кај многумина, бидејќи ја разоткрива сложената мрежа што го опкружува Сасекс, користејќи опсежни истражувања, експертски извори и интервјуа со инсајдери кои никогаш претходно не зборувале. Сè ќе одекне за неколку дена…


