Бруклин Бекам, најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам, во сабота ќе се ожени со богатата наследничка Никола Пелц. Идниот младоженец ги зеде за кумови браќата Круз и Ромео, а неговата избраничка му ја даде честа и на својот брат, поранешниот хокеар Бред Пелц.
Никола на свадбената веселба ќе ја носи венчаницата на италијанската модна куќа Валентино која ќе ја замени со креација на нејзината свекрва, дизајнерката и пејачка Викторија Бекам. На гостите ќе им биде строго забрането користење на мобилни телефони, како и вклучување на социјалните мрежи, а првите фотографии од младенците се ветени за магазинот „Vogue“.
Според Daily Mail, се претпоставува дека Бруклин Бекам ќе потпише предбрачен договор со својата идна сопруга, бидејќи богатството на таткото на Никол е околу 1,3 милијарди фунти (а богатството на Викторија и Дејвид Бекам се проценува на 370 милиони фунти).
Венчавката на Бруклин и Никола ќе се одржи во семејната вила Пелц во Палм Бич, Флорида (вредна 76 милиони фунти), на брегот, кога младенците ќе дадат завет на вечна љубов пред избраните гости. На свадбата се очекува да настапи Snup Dog. Парот, кој почна да се забавува во 2019 година, се вери само една година подоцна, во јули 2020 година.
Пред две недели ја прашав сродната душа дали сака да се омажи за мене и таа се согласи. Јас сум најсреќниот човек на светот. Ветувам дека ќе бидам најдобар сопруг и еден ден најдобар татко – напиша тогаш Бруклин Бекам на Инстаграм.
