Меѓу многуте Британци кои стоечки чекаа да дојде редот со часови за да и оддадат почит на кралицата Елизабета Втора, беше и поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација Дејвид Бекам. Легендарниот фудбалер се надевал дека редот ќе биде пократок во текот на ноќта, па и се приклучил веќе во два часот по полноќ, но пред ковчегот на најдолговечниот британски владетел се поклонил дури по 13 часа чекање, не задржувајќи ги своиоте солзи…
Десетици илјади луѓе кои чекаа ред пред Вестминстерската сала за да и оддадат почит на британската кралица Елизабета Втора,на кои им се приклучи и поранешниот англиски фудбалер, 47-годишниот Дејвид Бекам.
Сопругот на дизајнерката Викторија Бекам беше забележан меѓу „обичните“ граѓани со темна рамна капа и костум со вратоврска.
David Beckham pays tribute to the Queen at Westminster Hall.
— Sky News (@SkyNews) September 16, 2022
He appeared emotional as he wiped away tears as he approached the monarch's coffin.
Latest: https://t.co/8AFWhoW82a
📺 Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/Zyz5UPGEi2
„Најпосебен момент за мене беше добивањето на мојот ОБЕ (Орден на Британската империја од кралицата што го доби во 2003 година). Ги зедов моите баба и дедо кои беа големи ројалисти. Имав толку среќа што можев да имам неколку такви моменти во мојот живот блиску до нејзиното височество.Ова е тажен ден, но е ден за паметење“, изјави тој за Daily Mail, додавајќи дека секое пеење на националната химна на натпреварите во Англија е посебно.

Славниот англиски фудбалер и преку социјалните мрежи и оддаде почит на кралицата, која владееше долги 70 години, по нејзината смрт минатиот четврток.
„Навистина сум тажен поради смртта на нејзиното височество кралицата. Каков излив на љубов и почит видовме по повод платинестиот јубилеј прославувајќи го нејзиниот живот во служба на народот. Колку денес сите се чувствуваме скршено, доволно е да покаже што им значела на луѓето во оваа земја, но и ширум светот. Колку не инспирираше со нејзиното лидерство. Колку не тешеше кога времињата беа тешки. До нејзините последни денови таа служеше на својата земја достоинствено и благодатно. Оваа година би знаела колку е сакана. Моите мисли и молитви се со нашето кралско семејство“, напиша тој.

