Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Деновиве беше на ВРВОТ НА СЛАВАТА: Пејачката и актерка пронајдена МРТВА во нејзиниот стан…

Во време кога беше поуспешна од било кога и кога ѝ се насмевнуваа големи работи во кариерата, оваа мајка на две деца ненадејно почина под мистериозни околности.

Според CNN, пејачката и актерка Шонка Дукуре била пронајдена во нејзиниот стан без знаци на живот.

Пејачката R’n’B, која неодамна се појави во филмот „Елвис“ во улогата на Вили Меј Торнтон, попозната како Биг Мама, почина вчера на 45-годишна возраст, соопшти полицијата во Нешвил. Со неа во станот биле и нејзините две деца.

Причината за смртта се уште не е позната, се чекаат резултатите од обдукцијата.

За потребите на филмот „Елвис“, Дукуре го сними познатиот хит на Елвис Присли „Hound Dog“, а ова беше нејзино прво појавување во филмот. Покрај тоа, таа се појави и во спотот на Dodge Cat за песната „Vegas“, а пред неа беа големи работи, бидејќи неодамна влезе во филмската индустрија.

Шонка Дукуре неодамна во едно интервју зборуваше за своите вредности во животот, а потоа истакна дека е благодарна за можноста да се појави и да пее во филмот на Баз Лурман.

  • Моето „место на живеење“ е благодарност затоа што тоа ми го всадиле баба ми, мајка ми и семејството. Ова не е скромност или земање трошки, туку признание дека добрите работи во животот не се гаранција и кога ги доживуваме – благодарноста е најмалку што можеме да искажеме – рече Шонка.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement