На почетокот на април се појави вест дека холивудската актерка Деми Мур била во врска со успешниот швајцарски готвач Даниел Хум. Ѕвездата на филмот „Стриптиз“ конечно јавно ја потврди среќната вест, објавувајќи заеднички фотографии направени во градот на љубовта, во Париз…
Дека љубовната среќа ја нашла со 13-години помладиот готвач, 59-годишната актерка Деми Мур потврди на Инстаграм каде објави неколку фотографии од Франција на кои јасно се гледа колку е заљубена.
На една од фотографиите се гледа како Даниел ја бакнува во чело, а таа сподели и снимка од тениски меч на Отвореното првенство на Франција.
Успешниот Швајцарец е сопственик на светските елитни ресторани NoMad и популарниот лондонски ресторан Davies and Brooke.
Пред три години тој беше поврзан со Лорен Пауел Џобс, вдовицата на основачот на Apple, Стив Џобс, и беше познато дека беше виден во друштво на Меган Маркл пред таа да се омажи за принцот Хари.Пред да ја пронајде својата среќа во прегратките на познатиот готвач, Деми Мур беше осум години во брак со младиот Ештон Качер, а пред тоа бракот со актерот Брус Вилис, во кој имаше три ќерки. Познатите актери беа во брак од 1987 до 2000 година, а по разводот останаа во добри односи.
