Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Девојки, сега е и службено: Бред Пит е последниот славен вистински маж – Такви веќе не ги прават

Ако сега имате 25 години, значи дека сте го откриле Бред само за време на неговата врска со Џенифер Анистон. Сигурно сте биле шокиран од веста за нивниот развод … додека, во исто време, сте се „разбудиле“ сексуално гледајќи ги Mr. & Mrs. Smith. (Знаете што сакамe да кажeме …) Петнаесет години подоцна, момчето сè уште го има тоа специјално нешто. Прашајте ја мајка ви, која сигурно заедно со вас плачела од среќа додека ги гледавте Бред и Џен како се држат за рака во февруари на доделувањето на наградите на Здружението на филмски и телевизиски актери. Или прашајте било кого. (Буквално!) Бидејќи Бред е подеднакво привлечен за сите возрасти, цело време.

Луѓето толку многу го сакаат него и неговата неоптоварена, лежерна личност што му простуваат за сериозни работи (да речеме, фактот дека ја растури Американската најомилена двојка или гласините за туркање со неговиот син Медокс). Дали сакате да знаете кој е Бред од генерацијата на постарите? Тоа не се Мајкл Б. Џордан, ниту Ансел Елгорт, ниту Лиам Хемсворт. Тоа е Бред. Дозволете ни да ви ја објасниме разликата помеѓу оваа филмска ѕвезда и младите сили од денешницата. Дел од работата е достапноста. Бред Пит не порасна во ерата на социјалните медиуми, како денешните лица кои го документираат секој момент кога изгледаат добро. Затоа, тој не ја изгуби аурата на мистерија.

На пример, Арми Хамер беше малку одбивен и ПРЕД да погледнеме видео од неговото дете како му ги цица прстите на ногата … Факт е дека филмската индустрија се смени. Ќе ве поштедиме од техничките термини, но работата се сведува на ова: франшизите се главната работа во Холивуд, а брендовите се поважни од актерите. Да, филмот Avengers: Endgame донесе неколку милијарди долари на билетарницата, но дали можете да ги наведете сите актери кои глумеа во него? Се сомневаме. И тоа е проблем за потенцијалните „Бред“ови: станувате славни затоа што сте најдобри во индустријата, не затоа што го играте Капетан Америка.

И знеме што ви е на ум: „А што е со Лео ДиКаприо? Лео е како недостижен уметник, додека Бред е – нормален и кул? А, начинот на кој тој се справува со своите 56 години е навистина секси. Треба да се додаде дека, покрај тоа што е проклето привлечен, тој е и одличен актер. Не е негова вина што луѓето не го ценат доволно заради неговиот изглед, да речеме, на пример за вешти употреби на акценти во филмот „Inglorious Basterds“, што не насмеа сите. Има многу повеќе. Не секој маж може да ја усклади неговата со фризурата на жената со која излегува. Или да се појави на Оскарите и да биде предмет на завист на целата сала. Тој едноставно го има тоа нешто што, жал ни е што мораме да кажеме, можеби никој друг нема да го има повеќе.

Прочитај

____celebrity

Шокантна приказна за познат актер. Актерот Мет Лебланк, познат по улогата на Џои Трибијани во ТВ серијата „Пријатели“, поминал низ еден од најтешките периоди...

____celebrity

Кејт Мидлтон пристигна во Италија, започнувајќи го своето прво самостојно патување во странство откако ѝ беше дијагностициран рак во 2024 година. Принцезата од Велс...

Green Tea

Која крема за сончање треба да ја купите? Заштитата на кожата од сонцето во текот на летото е многу важна, а дерматолозите предупредуваат дека...

Green Tea

Овие фрази полека ја уништуваат љубовната врска. Сите парови поминуваат низ предизвици, но проблемите во врската не исчезнуваат сами од себе. Иако е полесно...

Advertisement