Актерот, кому жените ширум светот му се восхитуваат, реши да направи радикален чекор, изненади многумина, но тоа не ја намали неговата популарност.
Џејсон Момоа им се обрати на своите фанови на Инстаграм и најави големи промени, нови почетоци и покажа што променил кај себе.Познатиот актер е еден од најпосакуваните на планетата, а неговата коса секако беше заштитен знак досега. Сепак, Џејсон решил да отсече прамени коса во знак на протест против загадувањето и за поддршка на размислувањето за животната средина.Тој објави видео во кое држи неколку прамени од косата и објасни зошто се одлучил на овој чекор.
- Еве до нови почетоци. Ширење на алоха. Бидете подобри во заштитата на нашата Земја и океаните. Треба да ја извадиме пластиката за еднократна употреба од нашите животи и мориња, пластични шишиња, пластични кеси, амбалажа, садови, сето тоа. Ја бричам косата, тоа го правам поради пластика за еднократна употреба – Уморен сум од овие пластични шишиња, мора да престанеме. Пластичните шишиња се ужасни. Сега сите се занимаваат со алуминиум, што е фантастично, па алоха“, изјави Џејсон, кој доби „нула“ фризура.
Овој потег наиде на грст позитивни коментари и зборови на поддршка, а Џејсон е еден од ретките јавни личности кои ја сфатиле важноста на природата и колку таа е загрозена, па решиле да го кренат својот глас.
Кога секој од нас би направил малку, би направил повеќе за планетата и би го олеснил својот живот и животот на идните генерации.
