Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

ДАЛИ СТЕ РОДЕНИ ДЕЊЕ ИЛИ НОЌЕ? Ако не се идентификувате со вашиот хороскопски знак, ова би можело да биде одговорот

Времето на раѓање, или времето од денот кога сте родени, влијае на вашата личност и на знакот на Месечината.

Ако некогаш сте ја проучувале вашата натална карта, знаете дека времето од денот кога сте родени е од големо значење, особено за вашиот подзнак. Но, дали знаевте дека времето од денот кога сте родени, исто така, има значително влијание врз вашиот знак на Месечината?

Астролозите открија дека Сонцето е клучната енергија во личноста, додавајќи дека тие се родени на пладне (кога сонцето е на својот врв) или околу пладне, имаат карактеристична и отворена личност.

За оние кои се родени ноќе, од друга страна, Сонцето се наоѓа во долната половина на наталната карта, што резултира со поприватна и попревртена личност, изјави астрологот Кејс Бад. „Сонцето на дното на наталната карта природно прави некого почувствителен, воздржан, рефлективен и приемчив“, додаде таа. Кај таквите луѓе е „придушено“ или ублажено влијанието на Сонцето. Не е дека тоа воопшто не влијае на нечија личност, но влијанието на Месечината е малку посилно или поочигледно.

Ако сте родени во текот на ноќта (односно Месечината е во горната половина на вашата карта), „Месечината станува ваш лидер“, забележува астрологот Чани Николас, додавајќи дека Месечината е олицетворение на енергијата што ја добиваме од положбата на Сонцето.

„И сонцето и месечината се неверојатно важни – не можат еден без друг. Исто како месечината на небото, месечината во нашата натална карта ја рефлектира светлината на нашето сонце“, објаснува Николас. Значи, ако некогаш сте почувствувале дека повеќе се идентификувате со знакот на Месечината, можеби ова е одговорот.

Бад забележува дека сите натални карти се специфични, но разликата во дневните и ноќните карти може да се смета за општо правило за толкување на сопствените. Значи, ако сте родени ноќе, тоа би можело да биде причината зошто отсекогаш сте се идентификувале повеќе со знакот на Месечината, а не со знакот на Сонцето.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement