Иако прво беше објавено дека Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон имаат премногу обврски што треба да и посветат на својата љубов, проблемот е всушност нешто друго…
Странските медиуми објавија дека ријалити ѕвездата Ким Кардашијан и комичарот Пит Дејвидсон раскинале, а наводно за се е виновен презафатениот распоред на овие двајца познати и успешни личности.

Како што сега пишуваат порталите, ова не е единствената причина, туку улога имала и разликата во години.
- Пит има 28, а Ким 41, навистина во различни животни фази во моментов – изјавил за Page Six извор близок на поранешната двојка.
- Пит е целосно спонтан и импулсивен, сака да скокне до Њујорк или каде и да е тоа да е во моментот. Сепак, Ким има четири деца, па тоа не е секогаш изводливо. Таа мора да се фокусира на своите деца – додал неименуваниот извор.

Наводно, ситуацијата не ја олеснува и тоа што бившиот сопруг на старлетата, Канје Вест, тешко го поднесува среќниот љубовен живот на Ким.
- Кога Ким е со некого, Кање може да направи проблеми со децата. Се обидува да доминира, не може да одолее – вели изворот. – Ким е навистина посветена мајка, а нејзините деца секогаш се на прво место. Таа има потреба од хармонија и дома и во нејзиниот живот.

Кардашијан и Дејвидсон не беа често забележани заедно во последно време, а тие се заљубија кон крајот на минатата година откако Ким гостуваше во една епизода од „Saturday Night Live“ во октомври. Парот потоа имаше сцена со бакнеж, а тој бакнеж наводно предизвикал пеперутки во стомакот на Ким.
-Кога се бакнувавме, бев расположена „ммм“… Тоа беше исцениран бакнеж, но тој ме „допре“ – признала подоцна Ким.
