Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Дали луѓето треба да бидат во романтична врска за да бидат добри родители? Некои велат не!

За две лица да бидат добри родители, не е потребно да бидат во романтична врска, нивното родителско партнерство што произлегува од одлуката да имаат заедно дете може да биде исто толку добро како и традиционалното семејство.

Но, идејата дека две лица треба да бидат заљубени во одреден момент за да бидат добри родители, сè уште е всадена во многумина.

Кристин Вагнер и Џиани Бетучи никогаш не биле во врска или имале интимен однос. Но, пред осум години тие одлучија да користат вештачко оплодување и да имаат заедно дете, а денес се сметаат себеси за семејство. Двете спроведуваат т.н. родителско партнерство, односно воспитување на деца заедно, без компликации од романтична љубов и секс.

Психологот Катарина Груеневалд го опишува ваквиот аранжман како еден вид „барање на семејство“ и верува дека тоа е само уште еден пример за модерна и флексибилна организација на животот. Нема прирачник, додава таа, што ќе ни каже како треба да изгледа родителството.

Некои партнери се гледаат само повремено, во некои односи едниот партнер презема поголема одговорност за детето отколку другиот. Има и такви кои живеат заедно или живеат едни покрај други, па детето може да скока од куќа до куќа.

Вагнер и Бетучи се хомосексуалци, но хетеросексуалните парови се одлучуваат и за родителско партнерство.

Најголемата група се всушност хетеросексуални самци, жени во доцните триесетти години, додаде Вагнер.

Сепак, Груеневалд посочува дека модалитетите на таквиот однос мора да се договорат однапред, вредностите да бидат слични и да се разјаснат важните прашања.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement