Кога се соочи со фотографии од почетокот на кариерата, популарната актерка имаше објаснување со кое повеќето жени не би се согласиле.
На листите на познати дами со најголеми природни гради првото место вообичаено го зазема мексиканско-американската актерка Салма Хајек, која со децении гордо го истакнува своето бујно деколте.
Кога станува збор за изданијата за црвениот тепих, таа преферира отворени фустани кои ги истакнуваат градите, додека во многу улоги на Салма имавме можност да ја видиме во корсети и облека која го истакнува горниот дел од телото.

Сепак, на старите фотографии гледаме дека актерката во минатото имала многу поумерено деколте. Поради ова, веќе подолго време се шпекулира дека Салма Хајек всушност има силиконски гради и го мами Холивуд тврдејќи дека сè на неа е подарок на природата.

Таа еднаш разговараше за ова со Џејд Пинкет-Смит на Red Table Talk, кога повторно се изјасни дека не користи естетска хирургија.
- Многу луѓе тврдат дека имам силиконски импланти во градите. Не ги обвинувам! Градите ми беа помали, како и остатокот од телото – изјавила тогаш Салма.
Таа, сепак, објасни дека нејзините гради продолжиле да растат дури и како возрасна жена.

- Кај некои жени тие се намалуваат. Но, кај некои жени тие растат поради зголемување на телесната тежина, како и кај жени кои имаат деца и доеле, па градите не се враќаат во претходната големина. Во некои случаи тие повторно растат за време на менопаузата – вели актерката. – Јас сум само еден од оние на кои тоа им се случуваше на секој од тие чекори. Кога се здебелив, кога забременив и сега, кога сум во менопауза.
Салма се пожали и дека не и е лесно да се носи со овој постојан раст.
- Сум поминала низ многу, многу големини. И многу ме боли грбот поради тоа – вели Хајек.

Малкумина на социјалните мрежи веруваат во зборовите на Салма, па може да се прочитаат коментари дека актерката не ја кажува вистината. „Зошто е проблем да признаеш дека си вградила силикони? Денеска не е табу“, „Градите може малку да пораснат од вишок килограми или доење, но точно пет големини на градник…“, „Поголем проблем е да се лаже дека се природни отколку да признаете во 21. век дека сте позадоволни по операцијата“… се дел од реакциите.
