Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Дали е можно ослободување од сексуалните фетиши?

Да почнеме од почеток со поставување на прашањето – што е фетиш?

По дефиниција, тоа е предмет или телесна појава чие вистинско или имагинарното присуство е психолошки неопходно за сексуално задоволување. Едноставно кажано, тоа е предмет или дел од телото на една личност што ве возбудува и ве доведува до кулминација, иако тоа нема никаква врска со сексот. Покрај тоа, во повеќето случаи, ова се работи што повеќето луѓе воопшто не ги поврзуваат со сексот. И додека некои фантазираат за повеќе традиционални предмети како што се женски чорапи, корсети и чевли, други се возбудуваат од нечии прсти.

Фетишите се поврзани и со ненормално или барем чудно однесување. Сепак, бројни студии покажуваат дека огромното мнозинство на луѓе имаат барем еден фетиш, а повеќето од нив се поврзани со облини на жените. И еве го изненадувачкиот заклучок – фетишите не се негативна работа, со фактот дека секој што учествува во него е возрасен и дека на крајот никој не е повреден, физички или емоционално.

Дали ќе ги разберете фетишите на другите луѓе? Најверојатно не. Дали ќе ве возбудат туѓите фетиши? Веројатно не. Исто така, нема начини да се ослободите од фетиш, без разлика колку поединци на форумите тврдат дека е можно. Од научна гледна точка, се верува дека фетишите обично се развиваат во детството и се вроден дел од човечката сексуалност. Слично на сексуалната ориентација, тоа не е нешто што може да се промени.

Разбирливо е, сепак, ако сакате да се ослободите од фетишот што го имате, бидејќи живееме во свет кој сè уште го смета сексот за табу тема, а фетишите ги гледа само како гадни и срамни желби и потреби. Со цел да го прифатите вашиот фетиш и да научите да живеете со него, обидете се да го преобликувате вашето мислење за тоа. Ако тоа не е нешто што повредува некого, ако ви носи голема возбуда, ако не ве тера да правите лоши работи и не им пречи на другите луѓе, зошто би си го одрекле тоа?

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement