„Сè уште верувам во љубов до крајот на мојот живот.“
Ѕвездата на „Омажи се за мене“, Џенифер Лопез, која претходно беше во брак со Ојани Ном, Крис Џад и Марк Ентони, оваа година повторно се соедини со нејзиниот поранешен вереник Бен Афлек.
Во едно неодамнешно интервју, Џенифер призна дека секогаш ќе верува во слоганот „И тие живееја среќно до крајот на животот“.
„Не знам, да, претпоставувам. Ме познавате, јас сум романтична. Отсекогаш сум била. Во брак бев неколку пати. Да, јас се уште верувам во љубов до крајот на мојот живот, апсолутно“, изјави таа во емисијата Today Show.“
52-годишната пејачка и актерка, која има 13-годишни близнаци Ема и Макс, ја раскина свршувачката со Алекс Родригез на почетокот на оваа година, но не се срами од својата романтична историја.
Таа додаде: „Ако не можете да гледате, прифатете ги работите со насмевка и продолжете… Јас едноставно не размислувам за тие работи“.
„Јас сум човек како и сите други. Имав подеми и падови, правев грешки и навистина сум горда на тоа колку далеку стигнав во животот и која сум како личност, како мајка, како актерка и како уметник“.
Џеј Ло го даде ова отворено интервју откако минатата недела беше објавен трејлерот за нејзината нова романтична комедија „Marry Me“.

