Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Горда мајка: ќерката Кејт Мос ја отвори модната ревија на Ричард Квин, привлекувајќи го вниманието во црвен комбинезон

Веќе сме навикнати првите редови на ревите на Ричард Квин да бидат исполнети со познати личности. На крајот на краиштата, токму овој дизајнер успеа да ја седне кралицата на Англија, до Ана Винтур, на една од претходните.

Традицијата продолжува, а меѓу гостите на А-листата на Квин на модната недела во Лондон беа Кејт Мос, Бој Џорџ, Олга Куриленко, Ерин О’Конор … да ја придружуваат колекцијата на дизајнерот за пролет / лето 2022 година.

Првиот ред на ревијата виде најмногу sвезди досега на Модната недела во Лондон – а ни модната писта не разочара. Заземајќи го нејзиното место, Мос ја охрабри нејзината ќерка Лила Грејс, која беше дел од ревијата на Квин. Поточно, таа го отвори шоуто, во огнен црвен комбинезон – комбинација од топ, кој во форма на детали беше украсен со огромен лак на градите и панталони со висок струк.

This image has an empty alt attribute; its file name is txt_gr_moss_(1).jpg

Совет: Црвената боја ќе ја подигне довербата кај сите што ја носат + тоа е нијанса што ќе биде водечки тренд следната пролетна сезона.

Поранешниот супермодел за оваа пригода отиде на сигурно лежерно издание. Под кадифено темносин блејзер, таа носеше проѕирна кошула, која ја комбинираше со фармерки и пар кафени кожени чизми – без кои ретко излегува од станот.

This image has an empty alt attribute; its file name is txt_gr_moss_(2).jpg
This image has an empty alt attribute; its file name is mos_gr_naslovna.jpg

Колекцијата покажа дека дизајнерот достигна нова зрелост, задржувајќи ги препознатливите кодови на модната куќа (цветни дезени, продолжени силуети) што неговите обожаватели толку ги сакаат.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement