Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Голема трагедија: По ќерката Кристина, Боби Браун го изгуби и синот Роберт

Синот на музичарот Боби Браун почина во 28-та година од животот, под неразјаснети околности, пренесуваат странските медиуми. Роберт Браун Јуниор е пронајден мртов во неговиот дом во Лос Анџелес.

„Не мислат дека е нешто сомнително во врска со неговата смрт“, рекол извор близок на семејството по смртта на Боби Браун Јуниор.

Полицијата во Лос Анџелес сѐ уште ја истражува неговата смрт и истражува под какви околности починал.

Пред 5 години почина и неговата полусестра Боби Кристина, ќерката која Боби Браун ја имаше од бракот со Витни Хјустон.

Боби Кристина во 2015 година помина 6 месеци во вештачка кома откако е најдена во бесвесна состојба во кадата бидејќи се предозирала со опојни супстанции.

Три години пред нејзината смрт нејзината мајка Витни Хјустон на идентичен начин е пронајдена мртва во када, откако се предозирала со опојни супстанции.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement