Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Голема тага во животот на Џенифер Анистон! Почина човекот кој безусловно ја сакаше, а познатата актерка се прости од него со трогателна порака…

Холивудската актерка Џенифер Анистон минува низ тешки животни моменти. Нејзиниот татко Џон Анистон, американски актер, почина во петокот на 89-годишна возраст

Џенифер Анистон во понеделникот на Инстаграм објави дека нејзиниот татко починал на 11 ноември, а од својот сакан татко се простила со трогателна порака и досега невидени фотографии.

Џон Анистон беше најпознат по улогата на Виктор Киријакис во популарната ТВ серија „Денови на нашите животи“ од 1985 година.

„Драг тато… Џон Ентони Анистон. Ти беше еден од најдобрите луѓе што некогаш сум ги познавалa. Благодарнa сум што отиде во рајот во мир и без болка. И на 11.11 – ни помалку! Секогаш имаше совршен тајминг. Таа бројка засекогаш ќе ми значи уште повеќе. Ќе те сакам до крајот на времето. Не заборавај да не посетиш“, изјави уништената Џенифер, која на Инстаграм објави црно-бела фотографија со својот татко од детството.

Џон Анистон доби Еми за животно дело за неговата долгогодишна улога во долготрајната ТВ серија во јуни оваа година.

Актерот зад себе ги остави синот Алекс Анистон и неговата мајка Шери Руни, со која се ожени во 1984 година. Неговата прва сопруга и мајка на Џенифер, Ненси Дау, почина во 1980 година.

Прочитај

____celebrity

Така го одржува својот неверојатен изглед. Шарлиз Терон моментално се одмара на плажа на Хаваи. 50-годишната актерка со години ги воодушевува обожавателите кои се...

Astro

Според статистиката, овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго. Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека...

Wall Street

Инстант лозот  „Доме сладок доме“ на Државна лотарија повторно израдува со нова освоена премија Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од...

Green Tea

Комбинацијата од рузмарин и ловоров лист не само што го подобрува вкусот на вашите јадења, туку носи и бројни здравствени придобивки, од подобро варење...

Advertisement