Можеби помисливте дека мажот кој се разведе од Џенифер Лопез нема да има повеќе среќа, но Марк Ентони дефинитивно би ви го негирал тоа! Не само што процвета по разводот со латинската дива (која исто така процвета со враќањето на старата љубов сега веќе сопруг Бен Афлек), Ентони реши повторно да се оствари како татко, а таа желба му се исполни пред неколку дена.
Во 2022 година, Марк Ентони изненади многумина кога се шпекулираше дека се бакнува со убавица која е дури 31 година помлада од него!Станува збор за поранешната мис на Парагвај! Младата Надија Фереира беше неговиот избор, а првпат беа видени заедно во Мексико Сити. Откако јавно ја официјализираа својата врска во март, тие потврдија дека се вериле веќе во мај истата година.

Апсолутно не им пречеше што врската се одвива брзо,а она што следеше беше најубавиот подарок: бременоста на Надија!
Тие двајцата искористија едно од нивните ретки јавни појавувања за да ја изразат својата љубов , поточно на доделувањето на Латинските Греми награди, а потоа, откако ја добија наградата за најдобар албум за салса, Марк од сцената и рече на својата сакана: „Да почнеме, Надија, ти благодарам затоа што си со мене, ми го даваш најдоброто и ме правиш најсреќен човек!
Раѓањето на детето веројатно го направило уште посреќен.Имено, во неделата, на 18 јуни, парот објави дека станале родители, на Надија тоа и е прво дете,додека пак на Марк седмо .
- Божјиот тајминг е секогаш совршен – напиша парот на Инстаграм, заедно со слика од новороденчето кое Марк го лулка, и на фановите им посака среќен Ден на татковците.
Бебето на Фереира и Ентони има постари браќа и сестри, Арија (29) и Чејс (28), кои пејачот ги имаше со Деби Росадо, Кристијан (23) и Рајан (19), кои ги доби со Дајанара Торес, како и близнаците Макс и Еме. (15), од бракот со Џенифер Лопез.
Марк и Надија се венчаа на интимна, но гламурозна венчавка, на која присуствуваа многу познати личности, од Дејвид Бекам до Салма Хајек, а после тоа објавија дека чекаат ново бебе! Џенифер Лопез не присуствуваше, но затоа Марк и беше гостин на венчавката со Бен Афлек.
