Инспиративен говор на Џеонг Су, ѕвезда од серијата „Squid Game“.
Доколку ја гледавте серијата „Squid Game“, една од најзабележителните улоги ја одигра Џеонг Су (77), кој го глумеше старецот и натпреварувачот од бројот 001. Поранешниот господин и актер гостуваше во една емисија, а неговиот говорот ја расплака водителката.
Џеонг Су зборуваше за деталите од серијата и односот на победниците во вистинскиот современ свет.
– Нашето општество развива култура во која е важно само првото место. Ако си втор, не е важно. Но, ќе ви кажам нешто – вистински победник е оној кој е посветен на она што го сака и кој работи на своите вештини. Мислам дека таков човек е вистинскиот победник – рекол актерот.
Во неговата изјава неведе дека се труди да не биде алчен во животот. Тој продолжи со зборовите дека како човек добива многу во животот и дека се труди да врати на заедницата се што има.
– Ќе ви дадам еден пример. Се качувате на некоја планина и налетувате на прекрасен цвет. Кога сте млад, цветот е веќе во вашата рака. Но, кога ќе дојдете на мои години, нема да го скинете, ќе го цените тоа што е таму. Така е тоа на мои години. Ќе ги оставите работите таму каде што се за да можете повторно да ги цените. Така е и во животот. Само оставете ги работите таму каде што се. Дали сум во право? – изјави актерот.
На тие зборови водителката се расплака.
– Колешката се разнежни слушајќи ги вашите зборови – рекол водителот, а водителката изјавила дека зборовите на актерот допреле до нејзиното срце.
Погледнете го видеото:
