Манекенката поднела барање за развод од сопругот во септември, а набргу потоа била видена како се дружи со Бред. Таа неодамна откри дека е бисексуалка, а сега проговори и за својот љубовен статус.
Емили Ратајковски и Бред Пит беа фатени на вечера во Њујорк минатиот месец, а манекенката изјави дека „се гледа со Бред, но службено излегува со него“. Меѓутоа, во неодамнешното интервју за магазинот Variety, Емили зборуваше за својот љубовен живот и откри како е – среќна и слободна.
Во септември Ратајковски поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг Себастијан Бер-МекКлард, со кој има 1,5-годишен син. Наскоро почнаа гласини за нејзината романса со Бред, а таа неодамна на TikTok објави дека е бисексуалка.

Во последното интервју Емили вешто го избегна прашањето за врската со Бред, споделувајќи дека е сингл за прв пат во животот.
„Некои од работите за кои пишувам во последниот есеј од мојата книга се контролата и разбирањето. Еден од најдобрите начини да се биде среќен и да имаш некаков привид на контрола е да се ослободиш. Јас сум тазе сингл, всушност за прв пат во мојот живот и едноставно се чувствувам како да уживам на некој начин во слободата бидејќи не сум премногу загрижена за тоа како ме доживуваат“, изјавила манекенката.

Потсетуваме дека минатиот месец очевидец за E!News изјави дека Бред и Ратајковски се дружеле во елитниот Pearl Oyster Bar во Њујорк и дека изгледале „како да се на состанок“.
“Емили се врати во игра и ужива во дружењето. Се обидува да се зафати со работа и не сака да се фокусира на разводот. Таа го запозна Бред преку заеднички пријатели во индустријата. Беше многу пријателски”, рекол извор близок на Емили.
