По повод годишнината од објавувањето на песната.
Дваесет и пет години по објавувањето на најпознатата песна „Don’t Speak“ Гвен Стефани – позната пејачка, реши да не врати во минатото.
51-годишната пејачка објави видео на Тик Ток кое ги воодушеви нејзините обожаватели. Таа го прослави јубилејот на песната и облече фустан со точки што го носеше во спотот „Don’t Speak“ пред 25 години.
Фустанот овој пат го искомбинирала со мрежести чорапи и златни ѓердани, од кои едниот приврзок со натпис Стефани, а другиот презимето на нејзиниот свршеник Блејк Шелтон.
Не знаеме дали фустанот на видеото беше оригинален или само моделот е многу сличен, но Стефани „старее како виното“ колку постара, толку поубава и изгледа како да не поминале 25 години.
