Оваа мајка успешно ги балансира семејните и деловните обврски.
Гвен Стефани не само што е пејачка и текстописец со голем број хитови, таа е и мајка и на три момчиња од бракот со нејзиниот поранешен сопруг Гевин Роздејл.
Уште кога ја започна врската, а сега и бракот, со колегата Блејк Шелтон од музичкиот натпревар „Voice“, оваа суперѕвезда е многу посветена на новоформираното семејство.
Таа постојано изјави дека нејзиниот нов сопруг е добар татко и дека и е голема помош. На социјалните мрежи голем дел од објавите се посветени на фотографии од семејниот живот и животот на нивните деца – Кингстон, Зума и Аполо.

52-годишната пејачка поминува многу време шетајќи заедно со своите синови и секогаш е навивач број 1 кога Аполо или Зума имаат бејзбол натпревари со својот тим. Гвен најчесто ја гледаме во такви ситуации, во фармерки, маици и дуксери, но нејзиниот заштитен знак – русата коса и црвениот кармин се секогаш тука.

По 20 години брак, поранешните сопружници останаа во добри односи и целото внимание и љубов им го посветуваат на синовите. И двајцата се секогаш присутни на натпреварите на децата, што секогаш ги интригира локалните медиуми, па секое присуство на безбол натпреварите,секогаш е придружено со средба на поранешната двојка.
Кингстон Џејмс Мек Грегор Роздејл, кој сега има 16 години, полека станува уметник исто како и неговите родители. Почна да пишува и изведува свои песни. Тој исто така припаѓа на бенд наречен Wild Card и се стреми да биде рок ѕвезда исто како неговиот татко и впечатлив изведувач како мајка му.
