Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

„Вратата е отворена за сите затоа што вратата не постои“: Рид на кој има сто илјади крстови

Знаеме дека местата за христијански аџилаци се обележани со религиозни мотиви како бројаници, крстови, свеќи и скулптури, но едно место за аџилак на северот на Литванија навистина ги поместува границите на возможното.

Имено, станува збор за рид со над сто илјади дрвени и железни крстови од сите големини и форми. Многу од нив имаат бројаници кои создаваат посебна музика при силен ветер, а атмосферата навечер е и убава и застрашувачка.

Поради сето ова, местото стана популарно меѓу „обичните“ патници и туристи кои немаат такво нешто во своите земји.

Како започнало подигнувањето на крстовите и зошто, сè уште не е познато со сигурност. Се верува дека првите крстови се подигнати по бунтот против Руската империја во 1830 година кога започна Полско-руската војна. Бидејќи семејствата не знаеја каде се закопани нивните жртви, тие започнале спонтано да носат крстови на овој рид.

Така, ова место во историјата на Литванија остана симбол на мирен бунт и национална гордост, а денес е дозволено да се постават крстови помали од 3 метри без никаква посебна дозвола.

Слично на тоа, точниот број на подигнати крстови не е познат, но се проценува дека околу 55 000 биле подигнати во раните 90-ти, додека во 2000-тите имало дури сто илјади. Во 1993 година, ридот го посети самиот папа Јован Павле Втори, кој го прогласи за место на надеж, мир, љубов и жртва.

Изработка на крстови и резба на икони е знаење кое се пренесува од генерација на генерација, па дури и УНЕСКО ја призна оваа уметност како нематеријално културно наследство на Литванија, и симбол на националниот и верскиот идентитет.

Ридот нема официјален сопственик или надлежно тело, но наизменично се грижат доброволци и разни организации. Директорот на туристичкиот одбор Шаулиаи им објасни на новинарите на National Geographic што го прави ова место навистина посебно: „Не е важно кој сте или на која религија припаѓате. Канонските ритуали на Црквата тука не се важни. Вратите на ова место се секогаш отворени затоа што вратите не постојат. Тука, природата се меша со културата, давајќи им на сите единствено искуство“.

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement