Вивиен Вествуд наполни 80 години – а легендарната дизајнерка реши да го прослави роденденот на поинаков начин.
Во чест на нејзиниот роденден, таа ќе го објави краткиот филм „Do Not Buy a Bomb“, кој ќе се прикаже на огромен екран во циркусот Пикадили во Лондон.
Во него, ќе ја отпее песната „Without You“ од мјузиклот „My Fair Lady“ и ќе зборува за еколошки проблеми. Вивиен Вествуд се здружи со организацијата Circa, кој секој месец, во соработка со разни уметници, создава дела што се прикажуваат на најголемиот екран во Европа на Циркусот Пикадили.
Вивиен Вествуд не е само дизајнерка, туку и добро позната еко-активистка. Ниту нејзината возраст не ја забави – таа присуствува на демонстрациите со ист жар и ги охрабрува луѓето да размислуваат за последиците од своите постапки. Дури својот роденден бил искористен како можност да им каже на другите што ја чека нашата планета, ако не се разбудиме.
Во видеото „Do Not Buy a Bomb“, таа зборува за влијанието на капитализмот и трговијата со оружје врз глобалното затоплување. Секој што не може да дојде во Лондон на овој ден, може да го гледа филмот на веб-страницата Circa.art.

