Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Во продолжението на „Сексот и Градот“ ќе бидат претставени две нови хероини

Ф ановите со нетрпение го очекуваат продолжението на култната серија на ХБО Макс „Сексот и градот“.

Така, според „Дејли мејл“, наместо Саманта (Ким Катрал одби да учествува на снимањето), во серијата ќе се појават два нови лика одеднаш – „влијателни и силни Афроамериканки и хероини од азиско потекло“.

Дејли Меил пренесува дека на овој начин креаторите на серијата сакаат да ги направат Сексот и градот пореални и порелевантни за денес. Според гласините, продуцентите се соочуваат со задача да ја направат серијата поразновидна.

Навистина, во првите шест сезони, објавени од 1998 до 2004 година, животот во Њујорк беше прикажан преку очите на исклучиво бели жени, и речиси и да немаше црни ликови. За потсетување, Сара Џесика Паркер објави за продолжението на филмот „Сексот и градот“ на Инстаграм на 11 јануари. Во 2021 година ќе ги видиме нашите сакани хероини кои наполниле 50 години, а љубовта и пријателството сè уште се бараат во Њујорк, исто како и пред 20 години.

Серијата ќе се состои од 10 епизоди, а снимањето ќе започне во Њујорк кон крајот на пролетта. Во меѓувреме, печатот и јавноста дебатираат зошто Ким Катрал одбила да учествува (според гласините, поради долгогодишен конфликт со Сара Џесика Паркер) и дали има смисла да се снима серијата ако не ја вклучува најсмелата, најлуксузната и најексцентричната хероина.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement