Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Вистинска Дива: Гламурозно издание на Наоми Кембел на БАФТА 2022

Прославите на црвениот тепих деновиве се во полн ек. Многу светски познати личности се појавија на црвениот тепих пред лондонскиот Ројал Алберт Хол за БАФТА 2022. Освен што е првата БАФТА која конечно се одржа како што беше пред пандемијата, оваа година се одбележува и 75-годишнината од академијата на Британските филмски награди.

Супермоделот Наоми Кембел ги предводела познатите личности на црвениот тепих целосно во црно. Наоми (51) изгледала гламурозно во кадифено фустанче до подот со широки ракави и коцкасто деколте со ревери. Самиот фустанот содржел долгнавесен шлеп, а нејзината задна страна потсетувала на еден вид наметка.

Црното сè уште останува поим за елеганција, а Наоми, која стана мајка во своите 50-ти, продолжува да ги диктира трендовите и да поставува стандарди со секое ново појавување. Заедно со црниот фустан, таа комбинирала смарагдно зелени обетки и дискретна шминка. Како што одминувала вечерта и се приближувала афтер-забавата, Наоми ги заменила високите потпетици со патики и во нив ја напуштила гала вечерта.

Церемонијата имаше и за цел да ја одбележи 60-годишнината од филмската франшиза за Џејмс Бонд, па многу мажи се одлучија за смокинг што му се најпознати на британскиот шпион.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement