Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Вистина или мит? Мажите со оваа карактеристика се подобри во сексот

Многу фактори влијаат на тоа каков љубовник е мажот и дали интимниот однос ќе биде добар или лош..

Според една студија објавена во списанието Socioaffective Neuroscience & Psychology, една доблест сугерира дека мажот може да биде добар љубовник.

Истражувајќи го сексуалното минато на жените, експертите се обиделе да утврдат со какви партнери имале најдобри сексуални односи и редовно достигнувале кулминација.

Во студијата учествувале жени до 69-годишна возраст кои не се во врска или брак затоа што експертите сметале дека жените во врска би се чувствувале обврзани да дадат подобра оценка на нивниот сегашен партнер дури и ако реално не го заслужуваат тоа. На 70-минутен тест, испитаниците одговориле на разни прашања во врска со нивниот сексуален живот, а врз основа на нивните одговори, истражувачите откриле дека имаат најдобра сексуална врска со – хумористични мажи.

Смислата за хумор се покажа како одличен предиктор за сексуалните вештини бидејќи укажува на тоа дека мажот е опуштен во разни ситуации, вклучително и интимни, што е важно за добра комуникација помеѓу партнерите и на крајот добар секс.

Меѓу другите квалитети се нашла и креативноста. Мажите кои се креативни во други области од животот полесно ја изразуваат својата креативност под чаршавите. Мажите со овие квалитети покажаа поголем интерес за сексуално задоволство на своите партнери отколку мажите кои не ги поседуваат.

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement