Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Вил Смит 14 пати испил опасен психоделик поради своето „духовно патување“ – тврди дека бил во две реалности…

-Невозможно е да го заштитите вашето семејство. Тоа е илузија. Безбедноста е илузија – изјави актерот.

Вил Смит гостуваше во шоуто на Нетфликс „На мојот следен гостин не му треба вовед“, чиј водител беше Дејвид Летерман.

Шоуто се снимаше пред доделувањето на Оскарите, па не се зборуваше за инцидент, а Смит меѓу другото раскажа за своето искуство со дрогата и како дошло до тоа.

Летерман спомна анегдота од книгата на Смит во која тој го опишува разговорот со Џејмс Њутон Хауард, кој работел на музиката за филмот „Јас сум легенда“. Во разговорот беше спомнато, раскажува Летерман, дека филмот заработил 77 милиони долари во првиот викенд од прикажувањето, на што Смит одговорил: „Се прашувам што можевме да направиме за да заработиме 80 милиони“.

  • Во тој момент почнав да сфаќам дека тоа е суптилна болест. Кога се фокусирате на материјалниот успех, ништо не е доволно – коментира Смит.

-Не сум разговарал со никого 14 дена. Тоа ми помогна да сфатам какво лудило се случува во мојата глава. Бев на врвот на материјалното богатство. Мислам дека природата на човештвото е да разбере дека материјалниот свет е недоволен да ја одржи нашата среќа – додаде тој.

  • Невозможно е да го заштитите вашето семејство. Тоа е илузија. Безбедноста е илузија. Мора да научиме да живееме со сознанието дека сè може да исчезне за една секунда. Ако го знаеш тоа, како можеш да бидеш среќен – се запрашал Смит.

„Гледаше“ како исчезнуваат парите, куќата и кариерата
Тој бил мотивиран од ајахуаска, која ја пробал 14 пати за неколку години, да сфати дека ништо надвор од него нема да го направи среќен, „па отишол на духовно патување“. Тој рече дека еден пријател му предложил ајахуаска и дека се исплашил пред тестот, но истражувал за тој психоделик.

  • Не е како да халуцинираш. И двете реалности се сто проценти реални. Знаеш дека седиш во соба, знаеш што гледаш. Не е дека нешто доаѓа наместо реалноста, туку двете искуства се сосема одвоени. Има нешто што се случува во вашата глава и што се случува во собата. Но, штом еднаш ќе го испиете, се гледате себеси на начини на кои досега не сте виделе – рекол актерот.

Тој го опиша едното искуство како „најпеколното психичко искуство во животот“.

  • Одеднаш почнав да гледам сцена во која ми исчезнуваат сите пари, ми исчезнува куќата, а за мене нема кариера. И се трудам да добијам пари и кариера, но целиот живот ми се распаѓа – го опиша своето искуство Смит.
  • Тогаш слушнав глас кој вели: „Тоа е ебен живот“. И слушам како Вилов вика: “Тато, помогни ми. Тато! Зошто не ми помагаш?” А јас и одговарам дека не ја гледам – рекол тој, додавајќи дека во тој момент шаманот го фатил за рамо и му рекол да се опушти.
  • Во тој момент само сакав да стигнам до Вилов. „Престанав да се грижам за мојата куќа и мојата кариера“, рече Смит.

Заклучил дека искуството го научило дека може да поднесе каква било загуба во животот.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement