Поранешната пејачка на поп-групата „Спајс Грлс“, а денес успешна дизајнерка и модна икона – Викторија Бекам (46), со годините изгледа сѐ подобро. Многумина се прашуваат како ѝ успева тоа, а таа неодамна конечно откри колку козметички производи користи дневно. Сопругата на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, со кого има четири деца, отворено призна дека до неодамна потрошила неколку илјади евра на сите козметички производи и третмани за дневна нега.
Но, Викторија неодамна откри како открила еден многу поевтин производ што го прави лицето да изгледа, како што вели, ‘божествено’. Имено, тоа е најобичен јод.
“Јодот го забрзува заздравувањето на раните, е одличен антиоксиданс за кожата и препарат за отстранување на лузни од мозолчиња и акни. Тој е неопходен препарат во мојот дом. Можеби многумина не го знаат ова, но јодот има повеќе намени. Освен медицински, сакам да го користам и во мојата рутина за козметичка убавина. Дефинитивно ќе и го препорачам на ќерка ми кога ќе почне да има проблеми со мозолчиња. Моето лице е толку сјајно, здраво и чисто и тоа не го постигнав со ниту еден друг производ “, рече Викторија.
