Пејачката се обидела да остане незабележана, но обидот бил неуспешен.
Пејачката од Барбадос Ријана во мај стана мајка на момче и оттогаш немавме прилика да ја видиме.
Нејзиниот партнер ASAP Roki и таа поминуваат време во нивниот дом со своето бебе и не откриваат премногу детали за нивниот живот, а сега решиле да одат на првото патување како мама и тато.
Двојката ја посети Англија за настапот на Роки во Лондон, а раперот реши да се погрижи за изгледот пред концертот, па отиде во берберница во Кристал Палас. Ријана во таа прилика му правеше друштво, а воодушевените обожаватели го снимија моментот кога пејачката го чека својот сакан.
- Поминував покрај салонот и видов ѕвезда која ми е идол – напиша еден од обожавателите на Ријана на Инстаграм.
Инаку, парот во последно време се соочува со многу непријатни гласини.
Како што пишуваше на социјалните мрежи, ASAP Roki наводно ја изневерувал Ријана со нејзината пријателка и позната дизајнерка Амина Муади, што креаторот веднаш го демантираше. Познатиот пар не се огласи за тоа, па многумина веруваат дека тоа е само злонамерна гласина.
