Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

ВИДЕО: Британскиот заводник Хари Стајлс фатен како разменува страсни бакнежи со една од најубавите жени на денешницатa…

Британскиот музичар Хари Стајлс повеќе не е соло. Откако во ноември минатата година беше објавено дека неговата најдолга љубовна врска е со актерката и режисерка Оливија Вајлд, која за него го остави сопругот Џејсон Судекис, пејачот на хитот „Watermelon Sugar“ беше „фатен“ како страсно се бакнува на улиците во Токио со Емили Ратајковски,една од најубавите жени на светот. Неговата листа на познати девојки е долга, а на неа се манекенките Сара Сампајо, Камил Роу, Кико Мизухара, Кара Делевињ и Кендал Џенер, како и пејачката Тејлор Свифт, која по раскинувањето му ја посвети песната „I Knew You Were Trouble“. .

Британскиот заводник Хари Стајлс и Емили Ратајковски се нов пар. За тоа сведочи жешкото видео од Токио, каде 29-годишниот Стајлс е на музичка турнеја и каде разменува жешки бакнежи со три години постарата Емили Ратајковски, модел и една од најубавите жени на светот. .

Тоа се случи само три месеци откако ја објави веста дека популарниот музичар раскинал со актерката Оливија Вајлд, која беше десет години постара од него.

А Емили Ратајковски исто така е тазе разведена. Пред шест месеци се разведе од сопругот Себастијан Бер-МекКлард веднаш откако го роди нивното дете, бидејќи тој наводно ја изневерил неколку пати.

Минатиот ноември Хари Стајлс и Оливија Вајлд донесоа драматична одлука и објавија дека се разделуваат по две години врска.

Познатиот пејач и актер од самиот почеток сакал постари жени, па неговата врска со десет години постарата Вајлд не била ништо чудно.

На почетокот на својата слава, на неполни 18 години, тој беше во врска со 32-годишната водителка и поранешна девојка на принцот Хари, Керолин Флак, која во меѓувреме изврши самоубиство. Како што рече, единственото нешто со кое не можел да биде е жена која е постара од неговата мајка, а со која е исклучително близок и поврзан.

Кон крајот на минатата година во Велика Британија беше објавена листа на најбогати познати личности до 30 години, а на тронот седна токму Хари Стајлс, со заработка од неверојатни 116 милиони фунти.

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement