Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Вечера, па крстарење со јахта вредна 20 милиони долари: Шакира фатена во друштво на познат спортист…

По гласините за можна врска со Том Круз, колумбиската пејачка беше фотографирана во друштво на познат спортист.Колумбиската пејачка Шакира се пресели во Мајами во април,очигледно промената позитивно и влијае.

Откако беше фотографирана со Том Круз кога присуствуваше на мастер-класот на возачот на Макс Верстапен одржан на Големата награда на Мајами и ги подгреа гласините за можна врска, Шакира беше видена во друштво на уште еден многу популарен маж!

Имено, само неколку часа откако Шакира и ѕвездата на Формула 1, Луис Хамилтон беа фотографирани во ресторан, двајцата се качија на јахта со пријателите и децата на Шакира пред нејзиниот замок на брегот вреден 20 милиони долари.

Шакира, која во јули минатата година стави крај на 12-годишната врска со Жерар Пике, со кого ги има синовите Милан и Саша, изгледаше прилично опуштено во лелеавиот виолетов фустан додека претпазливо го следеше Хамилтон.

Папарацо фотографите не го пропуштија ниту моментот кога колумбиската пејачка ја прифати понудата за помош да се качи на јахтата.

На крстарењето ги придружуваше Мајлс Кемли-Вотсон, еден од најблиските пријатели на Хамилтон.

Шакира и Луис Хамилтон беа опуштени и видно расположени, а дали се работи за нова врска или само пријателство, останува да видиме.

Прочитај

Wall Street

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри,...

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Advertisement