Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Вереницата на Кристијано Роналдо има згодна постара сестра која сега ѝ ја откри на јавноста

Додека целиот свет зуи за нејзиното деколте и хармонична фигура што ја покажа на церемонијата на доделувањето на фудбалските награди во Дубаи, Џорџина Родригез реши да ја стави во прв план нејзината постара сестра Ивана, која исто така е многу згодна.

На Инстаграм профилот на Џорџина Родригез, згодната свршеница на фудбалерот Кристијано Роналдо, се појави една од ретките фотографии со нејзините блиски членови на семејството.

Иако во јавноста има многу непознати работи за животот на младата Џорџина, познато е дека таа доаѓа од Аргентина, дека вежбала балет и дека нејзиното семејство се преселило во Мадрид. Таму, Џорџина нашла работа во продавницата за дизајн на Гучи и ги остави своите танцувачки амбиции настрана. Токму на работа се случи нејзината кобна средба со Роналдо, а тие се заедно веќе многу години.

Последните две години убавата Аргентинка беше од посебен интерес на медиумите, па не е изненадувачки што сега забележаа необичен детал на нејзиниот многу посетен Инстаграм профил.

Постарата сестра Ивана Родригез се пофали дека поминува време со Џорџина во северниот шпански град Хихон. Ивана (30) со години живее во овој град со нејзиниот партнер Карлос Гарсија.

Овој академски уметник е многу заљубен во убавата Ивана и тие често објавуваат заеднички фотографии преку Инстаграм.

Иако јавноста не го знаеше ова до сега, се чини дека Ивана и Џорџина се исклучително блиски, па не е изненадувачки што тие решија да ги поминат празниците заедно. Ивана има силни чувства и кон нејзината внука Алана Мартина, а исто така е крајно блиска со другите деца на нејзиниот иден зет Кристијано Роналдо.

Неколку пати Џорџина ја однесе својата сестра на натпреварите на нејзиниот вереник, на некои од светски познатите стадиони, а додека Роналдо играше за Реал Мадрид, Ивана беше почесен гостин во нивната куќа.

Сега, поради оддалеченоста (бидејќи Роналдо игра за италијански Јувентус), тие се нешто поретко заедно.

Од јавно достапниот профил на Инстаграм на згодната Ивана, може да се види дека таа има сличен моден вкус како нејзината сестра. Тие сакаат дизајнерски парчиња кои го истакнуваат женскиот сексапил. Таа исто така го разбира готвењето, па затоа често ги споделува своите гастрономски деликатеси што ги подготвува за својот сакан Карлос.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement