Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Венчавка како од бајките на ќерката на Бил Гејтс, вредна 2 милиони долари

Најочекуваната свадба на годината се покажа како „otherworldly fairytale“, како што опиша самата невеста. Ќерката на Бил Гејтс се омажи за Најел Насар, милионер и професионален возач по потекло од Египет.

На свадбата се одржале неколку церемонии: две свадбени церемонии, почнувајќи од исламската, која се одржала во петокот вечерта, потоа главната церемонија на отворено во сабота и ручекот по свадбата во недела. Неколку церемонии вклучуваат и неколку дизајнерски комбинации, а Џенифер Кетрин Гејтс носеше три дизајнерски фустани за нејзината свадба од соништата.

Џенифер носеше фустани од Вера Ванг во боја на слонова коска кои беа направени по мерка. Фустаните се изработени од рачно изработена тантела и италијански тул во боја на шампањ. Убавата невеста го задржа природниот изглед додека ја носеше својата костенлива коса до половина подигната со минимални додатоци кои одговараа на нејзиниот фустан. Изгледот го комплетираше Aquazzura со високи потпетици.

“Вера и целиот нејзин тим беа прекрасни и фустаните од соништата станаа реалност. Таа е икона во модната индустрија и пионерка како жена која доцна ја промени кариерата и ги следеше нејзините страсти. Од нашата прва средба знаев дека сум во таква добри раце “ – изјави Џенифер за соработката со Вера Ванг.

За оние кои се прашуваат дали сјајот на лицето на невестата е само поради љубов и среќа, тоа е само делумно точно. За шминката беше задолжен Марио Дедивановиќ, кој се прослави благодарение на пријателството и мајсторството за шминкање со Ким Кардашијан. Тоа ѝ даде на Џенифер многу природен изглед за да го подобри нејзиниот и онака беспрекорен тен. Розовите усни и црвените образи ја направија да изгледа прекрасно. Како и на повеќето свадби, невестата го „украде целото внимание“, особено со одличниот избор на облека и фустани од соништата, но и младоженецот изгледаше многу класично и шармантно.

Младоженецот, по потекло од Египет, изгледаше елегантно во класичен смокинг Армани со декор од крин кој одлично одговараше на букетот на невестата.

Магична свадба вредна 2 милиони долари се одржа на фарма за коњи вредна 25 милиони долари во Норт Салем, Њујорк. Присутни беа 300 гости (вакцинирани и негативни за Ковид) кои ги забавуваше никој друг туку бендот Колдплеј.

Фотографии од венчавката споделија и родителите на невестата, Бил и Мелинда. „Каква радост е да се слави светлината и љубовта @jenniferkgates и @nayelnassar минатиот викенд. Ние сме толку благодарни што успеавме да најдеме начин безбедно да се собереме за овој посебен ден “.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement