„Побарав помош од персоналот, но тие ми рекоа дека не можат да ми помогнат“, изјави Меган Маркл синоќа во интервју за Опра Винфри.
Во интервју за Опра Винфри, Меган Маркл (39) го шокираше светот признавајќи дека размислувала за самоубиство за време на нејзината прва бременост.
Војвотката изјави дека била целосно изолирана и осамена во палатата и дека и било загрозено менталното здравје додека ја носела Арчи во стомакот.
„Побарав помош од персоналот, но тие ми рекоа дека не можат да ми помогнат“, изјави таа, додавајќи дека му рекла на сопругот дека повеќе не сака да биде жива.
Таа раскажала и за еден настан на која не требала да биде присутна, но сепак одлучила да оди, бидејќи се плашела од себеси и дека самата ќе се повреди ако остане дома сама.
Фотографии од тој настан кружат на Твитер уште од интервјуто, а многумина се согласуваат дека Меган на сликите „изгледа потполно скршена зад лажната насмевка“ и дека нејзиниот поглед „залутал во друга димензија“
„Сега сè е многу појасно“, „Кутрата жена, може да се види колку е очајна“, „Срамота е она што го прават од нејзиниот живот“, се само некои од коментарите.
