Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

„Брутално изобличената“ и „трајно деформирана“ убавица ја доби ПРАВДАТА! Линда Евангелиста конечно го наплати ХОРОРОТ 50 милиони долари…

Линда Евангелиста, една од најубавите жени во историјата на манекенството, на суд ја доби компанијата која и го уништи лицето и телото со естетски третман.

Манекенката Линда Евангелиста на суд ја доби компанијата Zeltiq Aesthetics, поради чиј третман CoolSculpting доживеа вистинска катастрофа. Надоместокот што ќе и биде на сметката е дури 50 милиони долари, а Линда истакнува дека е среќна што конечно го оставила овој случај зад себе и дека се радува на ново поглавје во животот.

Инаку, таа пред неколку дена се врати на својата работа, појавувајќи се во новата кампања на модната куќа Fendi.

Манекенката се повлече од манекенството во 2016 година, а неодамна за прв пат проговори како споменатиот естетски третман и го уништил животот.Жена која беше синоним за убавина и сексапил изгледаше прекрасно и во своите педесетти години, но откако не успеа да го изгуби вишокот килограми, реши да се подложи на третман наречен Cool Sculpting, кој вклучува замрзнување на маснотии.

Тоа е еден вид неинвазивна липосукција одобрена од американската Администрација за храна и лекови која ги намалува масните клетки со нивно замрзнување, а Линда имаше седум третмани фокусирани на брадата, бутовите, грбот и градите помеѓу август 2015 и февруари 2016 година.

Неколку месеци подоцна, сфатила дека не само што третманот не функционирал, туку и ефектот бил сосема спротивен – маснотијата не се намалувала, туку се шири.

„Моите масни клетки не се намалија, тие се зголемија, а тоа ме остави трајно обезличена, дури и по две болни и неуспешни корективни операции“, рече Линда во изјавата што подоцна ја објави.

— Се обидов самa да исправам сè, мислев дека сум згрешил во нешто. Дојдов до точка да не јадам веќе воопшто. Мислев дека го губам умот – призна манекенката.

Потоа и била дијагностицирана парадоксална хиперплазија на масното ткиво (PAH), односно згуснување и проширување на погоденото масно ткиво по замрзнување, што е ретка појава.

— ПАХ не само што ми ја уништи кариерата, туку и мојот живот. Ме испрати во циклус на длабока депресија, длабока тага и најниски длабочини на омраза кон себе. Станав волк осамен. Со оваа тужба одам напред и се надевам дека ќе се ослободам од мојот срам, затоа и излегувам во јавноста со оваа приказна – објави таа минатата година кога рече дека правдата ќе ја бара на суд. Набрзо таа ја тужеше компанијата Zeltiq Aesthetics Inc, која и ги обезбеди овие услуги, за отштета од 50 милиони долари.

Како што неодамна истакна, следните години ги поминала криејќи се од светот бидејќи се срамела од својот изглед.

Уживав на пистата. Сега се плашам да сретнам некој што го познавам – искрена е Линда во интервју за People. – Не можам повеќе да живеам вака, во криење и во срам. Едноставно не можам повеќе да живеам со оваа болка. Конечно сум подготвена да зборувам.

Како што истакна за Today заменик-уредникот на споменатото списание Џејсон Шилер, Линда се соочува со предизвици поврзани со менталното здравје по се што и се случи.

Таа вели дека е агорафобична. Вели дека сè уште не се гледа во огледало. Таа вели дури и дека не сака да го напушти својот дом.

Самата манекенка изјави за People дека чувствува дека е „трајно обезличена“ и „брутално обезличена“.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement