Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Брус Вилис за прв пат во јавноста откако објави дека е болен! Сопругата Ема призна дека грижата за актерот влијае на нејзиното ментално здравје…

Холивудскиот актерски великан Брус Вилис, кој пред три месеци објави дека се повлекува од актерството поради болест, е снимен во Лос Анџелес со сопругата Ема. Двојката се држеше за раце, беше во добро расположение и немаше индикации дека актерот има здравствени проблеми.

Брус Вилис, 67-годишен холивудски актер, најави прекин на снимањето оваа пролет, откако му беше дијагностицирана афазија, која ги нарушува неговите когнитивни способности и резултира со оштетување на мозокот.

Брус има исклучителна поддршка од семејството, а една од најважните личности во неговиот живот се уште е неговата поранешна сопруга, 59-годишната Деми Мур. Таа и нивните возрасни ќерки Талула, Скаут и Румер често објавуваат фотографии со него на Инстаграм и не кријат голема блискост и поврзаност.

Неговата 44-годишна сопруга Ема, со која има две ќерки од 13-годишниот брак, десетгодишната Марбел и осумгодишната Евелин, ретко се одвојува од него, а тој има и асистент дома,кој е секогаш таму ако нешто му треба. Вилис исто така има тешки денови, но поради ќерката се труди се да изгледа што е можно понормално.

Афазијата е стекнато губење или нарушување на говорот, говорното изразување или разбирањето и е предизвикано од оштетување на мозокот или говорниот центар.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement