Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Бруклин Бекам и Никола изгледаат како Дејвид и Викторија некогаш: Со своите комбинации се враќаат во минатото…

Тие двајца привлекуваат големо внимание во јавноста во последните неколку месеци.

Бруклин Бекам и Никола Пелц се венчаа во април оваа година и оттогаш постојано се под будното око на камерата која ги следи каде и да се појават. Така тие беа фатени вчера во Калифорнија како се шетаат и разменуваат бакнежи, а покрај љубовта, забележани се и нивните стајлинзи.

Она што на многумина им се допаѓа кога се во прашање модните комбинации на овој пар е тоа што од старите трендови прават нови, а од друга страна следат се што е моментално актуелно во модниот свет.

За прошетка со сопругот, Никола избра црна маичка и кафено здолниште до колена украсено со важничене. Црните чизми со длабоки потпетици одлично го придружуваа аутфитот и оставија свој белег.

Од накит, Никола носеше ланче и незабележителни обетки, а црната чанта што ја носеше е доказ дека снаата на Бекамови ги следи модните трендови. Бруклин, за разлика од неа, не вложи премногу труд во стајлингот, а носеше црна маица, црни широки панталони и бели патики.

Она што многумина го забележаа е фактот дека тие двајца неодоливо ги потсетуваат Викторија и Дејвид кога биле на почетокот на бракот.

На фотографиите под текстот погледнете како изгледале Викторија и Дејвид пред повеќе од две децении.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement