Американската актерка се грижи за тоа што ќе произнесе во јавноста, па ретко објавува слики од приватниот живот.
Бриџит Мојнахан (52) е американска актерка и поранешен модел со ирско потекло. Нејзиното име во ирската митологија ја претставува божицата на мудроста, огнот и поезијата.
Таа е порасната со постар и помал брат,па не треба да не чуди што за време на школувањето беше капитен на фудбалските, кошаркарските и лакрос тимовите.Таа еднаш изјави дека е повеќе била како момче додека расте.
По завршувањето на средното училиште почнала да се занимава со манекенство.Таа се појавуваше во каталози и списанија на стоковни куќи, а по снимањето на телевизиски реклами почна да зема часови по глума. Таа го имаше своето деби на телевизија во 1999 година, додека на филм се појави една година подоцна.
Уште од самиот почеток покажа дека сака нејзината кариера да биде чиста,да може да избира улоги во согласност со таа идеја.Таа одбила главна улога во филмот бидејќи од неа се барало да снима голи сцени. На крајот, Хали Бери ја прифатила улогата, пишува “The famous people“.

Кога станува збор за нејзиниот љубовен живот, таа живееше со сценаристот Скот Розенберг во раните 2000-ти. Сепак, најголемо внимание во јавноста предизвика нејзината емотивна врска со американскиот фудбалер Том Брејди.

Во времето кога почнале да излегуваат и двајцата биле на врвот на својата кариера.
Иако три месеци по завршувањето на двегодишната врска, Бриџит дознава дека е бремена и дека го носи детето на Том. Во тоа време тој веќе беше во врска со бразилскиот топ модел Жизел Бундхен. Сепак, и покрај ова, двајцата поради детето одржуваа нормална и хармонична врска иако повеќе не беа заљубени.

Пред 13 години таа започна да излегува со бизнисменот Ендрју Френкел, со кој се омажи по пет години врска.
