Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Бремената Меган побегна во Мексико со Арчи по голема кавга со Хари

Претседателските избори во Америка поминаа, но тие станаа причина за кавга меѓу принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, која наводно е бремена, пренесува списанието New Idea. Поранешната војвотка од Сасекс, наводно, сакала да одржи јавен говор во кој ќе ја коментира изборната победа на нејзиниот фаворит Џо Бајден, но Хари ги бранел строгите правила на кралското семејство што забранува мешање во внатрешната политика на една држава. По конфликтот, Меган во солзи го зеде нивниот едно и пол годишен син Арчи и „побегна“ во Мексико.

Хари неодамна бил критикуван за неговите коментари на претседателските избори, како и фактот дека тој и Меган ги повикувале луѓето да излезат на гласачките места и затоа не сакаше Меган повторно да „додаде масло на огнот“, особено поради сето ова ги чека пеколен пречек од кралицата Елизабета кога ќе пристигнат во Англија за Божиќните празници, открил изворот.

Принцот, наводно, не може да оди по нив во Мексико, бидејќи има нерешени проблеми околу неговата виза, а на неговите пријатели им е мило поради тоа, тврди изворот. Очигледно тие веруваат дека Хари ќе има корист од мал период на осаменост затоа што за тоа време може да сфати колку му недостасува семејството и како треба да ги смири страстите и да се смири со Меган.

Пријателите на Хари исто така се надеваат дека принцот ќе размисли двапати дали неговата одлука да се пресели во САД со Меган е вистинската. Иако не е официјално потврдено, изворот тврди дека Меган е бремена и дека ја користи својата бременост за да има „предност“ пред Хари во врската за да направи сè да оди како што треба. За неа не е важно како Хари всушност се чувствува за сето тоа. Единствениот наводен доказ дека Меган е бремена е дека судот одеднаш ја одложи тужбата поднесена од сопругата на Хари против весникот „Mail on Sunday“, закажана за 14 јануари, но одложена за следната есен, што теоретски ќе и даде на Меган доволно време да роди дете.

Шпекулациите на фановите дека второто дете на Меган е на пат, исто така, ги поттикнаа мистериозните објаснувања на судот во врска со одложувањето на рочиштето. Тие изјавија дека го преместуваат датумот од „доверливи причини“, а бременоста, според фановите, секако би спаѓала во таа категорија.

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement